Изминува времето на ботоксот, сега на ред е фротокс. Фротокс е нов нетоксичен третман против брчки. Стручњаците тврдат дека има подобри резултати од ботоксот. Петнаесет минутна терапија чини 300 фунти, а ефектите траат три месеци.
Кога ботоксот се појави на пазарот, многумина на новиот метод за затегнување на брчките на лицето гледаа со изненадување. Иако со негова употреба се покажа дека брчките се отстрануваат, податокот дека ботоксот во себе содржи токсични материи го стави под знак прашање. Сега, за новата техника за подмладување се тврди дека е нетоксична и дека ги отстранува брчките со неверојатна брзина.
Овој метод ги третира хоризонталните и вертикалните линии на лицето и се дозира двојно. За време на третманот уредот со течен азот се става близу нервите кои ги контролираат мускулите кои предизвикуваат брчки. Течниот азот ги отстранува неправилностите на лицето.
– Азотот ги поставува нервите во привремена хибернација, па мускулите се опуштаат и брчките исчезнуваат – изјави Јанис Александридес, доктор на клиниката „Харлеј стрит“ кој една година во Калифорнија го проучувал овој метод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.