| четврток, 6 декември 2018 |

Војната се води на аеродромите: Турција возвраќа „Шведска е земја на силувањето“

На аеродромот во Истанбул на рекламна трака е напишано  „Шведска, земја на силувањето“, што се толкува како одговор на критиките кои беа упатени околу законите во однос на сексуалното злоставување што предизвикаа дипломатска полемика.

На информативното пано на аеродромот Ататурк на турски и на англиски јазик е напишано „Предупредување до патниците! Дали знаете дека Шведска има највисока стапка на силување во светот?“. Пораката е надополнета со насловната страница од весникот Гунес на која пишува „Шведска, земја на силувањето“.

Според аеродромските власти, за рекламата е одговорна приватна компанија.

Турција минатата седмица дипломатски протестираше на темата на идентична информативна лента на аеродромот во австриската престолнина Виена, на којашто беше испишано „Турција дозволува сексуални односи со деца помали од 15 години“.

viena turcija seks so deca aerodrom

Овој скандал подоцна предизвика бурни реакции и меѓу Турција и Шведска. Шведскиот премиер Стефан Лофвен и министерката за надворешни работи Маргот Валстром изнесоа слични критики на адреса на Анкара којашто оваа решително ги отфрли.

Турскиот уставен суд минатиот месец го поткрепи отстранувањето на членот од кривичниот законик според кој сите облици на сексуален однос до деца помлади од 15 години се сметаат за сексуално злоставување.

Тензиите во односите меѓу Турција и земјите од Европската унија зајакнаа откако Брисел реагира на чистките на турските власти по неуспешниот воен удар од 15-ти јули, а особено со Австрија којашто сугерираше да се прекинат престапните преговори со Анкара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top