Ракометниот шампион Вардар кој три години по ред игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите, подготовките ќе за новата сезона ќе ги продолжи во Брест, Белорусија каде од 19 до 21 август ќе учествува на силниот меѓународен турнир „Белгазпромбанка Купот“
По победите на контролните натпревари против Горење, ракометарите на Вардар сега ќе имаат нова можност за воигрување. Експедицијата на Раул Гонзалез отпатува со истите ракометари кои беа и на подготовки во Словенија. Mијајло Марсениќ и Александр Деревен се пожалија на болки, па ќе останат во Скопје.
Во екипата ги нема Игор Карачиќ, Лука Циндриќ и Иван Чупиќ, кои учествуваат на Олимписките игри или штотуку ги завршија своите натпревари.
Освен Вардар на овој турнир ќе учествуваат уште и екипите на Сесон, домаќинот Мешков и полскиот тим Висла Плоцк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.