| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во автобуската несреќа кај Будимпешта вратени со Брза помош во Скопје

Двајца од повредените македонски државјани во сообраќајната несреќа кај Будимпешта вчера со возило на скопската Брза помош се пренесени во Македонија.

Според инфорамциите на здравство24.мк, повредените од болницата во Унгарија биле примени во скопскиот Ургентен центар и по направените прегледи биле пуштени на домашно лекување.

Денеска уште едно возило на Брза помош комплетно опремено со новата апаратура и лекарска екипа од Скопје ќе тргне кон Унгарија по уште двајца македонски граѓани кои потешко беа повредени.

Сообраќајната несреќа се случи на 26 април во близина на Будимпешта кога автобус на компанијата „Тото“ што сообраќаше на релација Скопје – Прага излета од патот и падна во канал.

Во несреќата беа повредени 28 лица од кои 21 се македонски државјани, четворица чешки, а тројца бугарски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top