Статуи кои го прикажуваат Доналд Трамп без парче облека на себе, се појавија во неколку големи американски градови, јави Би-Би-Си.
Актите се во природна големина, и го претставуваат Трамп со голем стомак и без дел од гениталиите. Тие беа откриени истовремено во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сиетл и Кливленд под мотото „Императорот нема ма*иња”.
Статуата во Њујорк, која е поставена без дозвола од властите, предизвика изненадување, љубопитни погледи и насмевки кај минувачите, кои веднаш посакаа да го овековечат моментот со своите фотоапарати, пред уметничкото дело да биде отстрането од градската управа.
Творечкиот тим „Индиклајн”, којшто го сочинуваат разни уметници, артисти, музичари и кинематографи, призна дека овој акт е нивно дело.
– Тие привремени поставки го претставуваат привремениов кошмар и нашата желба наесен да погледнеме наназад и да се изнасмееме на неуспешниот и залуден обид на Доналд Трамп да стане претседател – изјавија уметниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)