| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во ЦЕРН – тајно снимиле филм за принесување на „човечка жртва“(видео)

Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) покрена истрага по објавувањето на филм-пародија за принесување на човечки жртви. Инаку, краткиот филм е снимен ноќе, во дворот на ЦЕРН, што во прашање ја доведува безбедноста на најголемата научна лабораторија во светот.

Видеото на интернет е поставено на 11.август и безмалку е прегледано 130.000 пати. Во филмот се прикажани луѓе, чии лица се замаглени, како изведуваат обред пред кипот на божицата Шива, во дворот на ЦЕРН, кој се наоѓа кај француско-швајцарската граница во близина на Женева.

Видеото прикажува неколку лица кои се собираат во централниот дел на дворот, каде се наоѓа лабораторијата и таму изведуваат ритуал кој претпоставува принесување на жртва. Филомот е сниман од прозорец од перспектива на таен набљудувач.

Портпаролката на ЦЕРН, во електронска порака, напишала дека филмот е снимен во нивната зграда „но без наша дозвола и знаење“.

Теоретичарите на заговор, веднаш по објавувањето на филмот ги лансираа тврдењата дека во ЦЕРН навистина се изведуваат ритуални жртвувања. Другите пак веднаш го поставија прашањето за безбедноста на лабораторијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top