| четврток, 6 декември 2018 |

Курникова и Иглесијас ќe се венчаат идната недела

Парот кој е во врска веќе 12 години, наводно, ќе се венча во нивниот дом во Мајами, пренесува британскиот таблоид „Сан“

Шпанскиот музичар Енрике Иглесијас, наводно, идната недела ќе се ожени со својата повеќегодишна партнерка, руската тенисерка Ана Курникова.

Парот кој е во врска веќе 12 години, наводно, ќе се венча во нивниот дом во Мајами, пренесува британскиот таблоид „Сан“.

„Ана долго време зборува за брак, додека Енрике даваше отпор. Конечно, ќе се земат идната недела“, рекол добро упатен извор, додавајќи дека на церемонијата ќе присуствуваат: Никол Шерзингер, Луис Хамилтон, Џенифер Лопез, Ева Лонгорија, Дејвид и Викторија Бекам…

Курникова (31) веќе со години го носи свршеничкиот прстен со дијамант, во вредност од 3 милиони фунти.

Парот ниту овој пат не го коментираше пишувањето на медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top