| четврток, 6 декември 2018 |

Загуби од руски боксер, па му пиша на Путин: Влад, колку ги плати судиите?

irski

Мајкл Конлан, ирскиот боксер кој го освои бронзениот медал на Олимпијадата во Лондон, беше незадоволен од одлуката на судиите да го прогласат неговиот противник од Русија, Владимир Никитин, за победник во четврт-финалето, па најпрво им покажа среден прст, а потоа во интервјуто за РТЕ жестоко ги нападна судиите.

-Дојдов тука за да го освојам златото, а сега моите соништа се уништени. Сите знаат дека тие се корумпирани измамници, тоа отсекогаш и било така. Очигледно, Русија не може да користи допинг сега, па решија да ги поткупат судиите – изјавил бесниот боксер.

Но, тој не застанал тука, па се решил и на „Твитер“ да му се обрати на Путин со прашањето – Колку ти наплатија?

tvit na irecot

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top