| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе го предизвика Бразил во финалето на Олимписките игри (видео)

germanija

Фудбалската репрезентација на Германија е вториот финалист на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро. Младите „панцири“ ќе им се спротивстават на Нејмар и другарите во големото финале на фудбалскиот турнир на ЛОИ 2016. Германците вечерва беа подобри од Нигерија и славеа со 2-0.

Клостерман во деветтата минута го отвори резултатот, тресејќи ја мрежата на противникот од непосредна близина, по една одлична акција на германската навална линија. Во самата завршница, Петерсен во 89. минута го постави конечниот резултат на оваа полуфинална средба.

Во првото полуфинале Бразил по лошиот старт на овие Олимписки игри зема залет во обидот да стигне до златниот медал. Нејмар и другарите на „Маракана“ се покажаа во најдобро светло и со 6-0 го потопија Хондурас. По два гола постигнаа Нејмар и Габриел, додека стрелци на по еден гол беа Маркињос и Луан.

Големото финале се игра в сабота со почеток од 22.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top