Полицијата во Бразил го уапси првиот човек на Европскиот олимписки комитет , Патрик Хики поради нелегална продажба на билети.
Обинителството во Рио издало налог за апсење на Хики кој се сомничи дека заедно со уште шест лица организирал нелегална продажба на влезници за Олимписките игри.
Локалната полиција го уапсила 71-годишниот претседател на ЕОК, кој се обидел да избега, но поради неговата здравствена состојба морал да биде префрлен директно во болница.
Полицијата вели дека осомничен е и претседателот на Олимпискиот комитет на Ирска кој неуспешно се обидел да избега.
Кај него биле најдени повеќе од 800 билети од најголема класа кои требале да ги продадат за цени од околу 6.000 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.