Репрезентацијата на Русија во женска конкуренција ја комплетира четворката што ќе се бори за медалите на женскиот ракометен турнир на ОИ во Рио. Во четвртфиналето избраничките на слеекторот Евгениј Трефилов слеавеа победа против Ангола со 31-27. Победникот беше решен во последната четвртина од натпреварот кога Русинките направија серија од 5-0 и ја осигураа победата за полуфинале.
Во другите четвртфинални средби, Норвешка ја декласира Шведска со 33-20. Холандија приреди сензација совладувајќи го домаќинот Бразил со 32-23, а во најнеизвесниот дуел во оваа фаза, Франција со фантастичен пресврт ја елиминира Шпанија (27-26).
Франција се пласираше во полуфиналето од ракометниот турнир за жени на ОИ откако „триколорите“ во фантастичен натпревар славеа над Шпанија со 27-26, и тоа по продолженија од два пати по пет минути. Французинките се наоѓаа на работ на амбисот откако по првото полувреме губеа со 12-5, а на десет минути до крајот резултатот гласеше 20-15 за Шпанија. Сепак, одличните одбрани на Лејно и неколкуте погодоци на новата „вардарка“ Лакабрер Франција се врати, па со голот од пенал на Ниомбла израмни на 23-23.
Охрабрени по ваквиот развој на настаните Французинките одиграа подобро во дополнителните десет минути, но имаа и многу среќа бидејќи последниот обид на Шпанија, шутот на Нереа Пења, заврши во дирекот.
Амандин Лејно имаше десет интервенции на голот на Франција, додека Лакабрер постигна седум погодоци за пласман во полуфиналето.
Во полуфиналето, Франција ќе игра против Холандија, а Русија ја очекува дуелот со Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.