| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштва од хероите на терен: Сосетката се јави, качени се на кров, ве молам помогнете им (Видео)

– Имаше лица на тераса кои викаа „Ве молам, сосетката се јави, качени се на кров на куќа, немаат излез, ве молам за помош.

Ова е само дел од сведоштвата на хероите кои спасуваа животи во катастрофалното невреме кое го зафати Скопје пред 10 дена. Додека водата носеше се пред себе, хуманоста не исчезнуваше. Освен што жителите на поплавените подрачја правеа се за да се спасат, тие бараа помош и за своите роднини и соседи.

Во документартецот на ТВ Нова хероите од терен ги раскажуваат своите сведоштва.

– Цел пат со три возила едно на друго беше препречено, па се качувавме на тераса на една куќа, па од тераса сме префрлале на улица, од тука отидовме кај нив, лицата излегоа од едно пенџерче мало им дадовме скали, ги извлековме од тука, беа уплашени, раскажува еден од спасувачитевоа кобната ноќ.

– Ние бевме во самата поплава во средина и само си ги слушавме граѓаните кој бара помош за да одиме кај нив, значи помош сме дале, извлекување на лица на безбедно место и си заминуваме, додава тој.

spasiteli2-stajkovci-640x352

 

– Единствен начин беше во таа улица да се влезе само со чамец, значи имаше вода повеќе од 2 метри. Во координација со помошник командантот бевме упатени таму, прво пробавме со возило, но едноставно заглавувавме. Водата на моменти беше преку нас, па моравме дури да пливаме. Со чамците каде што се упативме условите беа многу лоши, луѓето беа качени на крововите и единствена помош бевме ние таму, имаше деца и жени, приоритет имаа нели повредени лица, објаснува еден од припадниците на безбедносните сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top