Вечерва беа одиграни првите натпревари од последното коло во квалификациите за Лигата на Шампиони. Фаворитите беа убедливи, особено Манчестер Сити во Букурешт. „Граѓаните“ ја декласираа Стеауа со 5-0.
Имајќи в предвид дека Агуеро промаши два пенали во првото полувреме, може да се каже дури и дека домашната екипа добро помина на овој меч.
Давид Силва во 13. минута ги доведе гостите во водство, а Агуеро за промашените пенали се извади со голот во 41. минута за водство од 2-0.
На стартот од второто полувреме Нолито зголеми на 3-0, а во финишот од натпреварот Агуеро постигна уште два гола за хет-трик и конечни 0-5.
Во преостанатите дуели, екипата на Копенхаген на домашен терен го совлада кипарскиот Апоел со минимални 1-0.
Швајцарската екипа Јанг Бојс на домашен терен загубија од Менхенгладбах со 1-3.
Последните два дуели завршија без победник. Динамо во Загреб одигра 1-1 со Салзбург, а со истиот резултат заврши и мечот во Амстердам меѓу Ајакс и Ростов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)