Секојпат кога Лидија Вукичевиќ на социјалните мрежи ќе објави фотографија од своите синови, дамите просто полудуваат, а сега уште еднаш покажа зошто поубавиот пол не може да одолее на нејзиниот помлад наследник.
Актерката на Инстаграм се пофали со фотографија на 21 годишниот син Давид Мркела, кој управува со авион. Тој минатата година запиша воздухопловна академија, на која се обучува за пилот на патнички авион.
Штом ја објави фотографијата на Инстаграм, почнаа да пристигнуваат коментари од одушевените обожавателки кои на Лидија и порачаа дека сакаат да и бидат снаи.
Инаку Лидија го има и 23 годишниот син Давид, кој го доби во бракот со фудбалерот Митар Мркела. Парот се разведе во 2000 година, после 9 години брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.