| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на момчето пронајдено во водите на Охридското Езеро (ФОТО)

marko v.

Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено вчера во водите на Охридското езеро во близина на воениот камп „Св.Наум“. Ова е констатацијата по извршениот увид во кампот и медицинскиот преглед извршен вчера околу 16 часот во амбулантата во Пештани, информираат од СВР Охрид.

Од увидот извршен од полициски службеници по претходно овластување од јавен обвинител како и по извршеното препознавање од блиските пријатели, констатирано е дека се работи за лицето Марко В. (24) од Скопје, вработеново ПОЦ.

-Неговото безживотно тело, вчера околу 14 часот и 20 минути е пронајдено од медицинска екипа од воената амбуланта во кампот, во езерските води на околу 20 метри од брегот. Од нивна страна преземени се мерки за реанимација по што, итно со медицинско возило телото е пренесено во амбулантата во Пештани, каде од доктор од амбулантата и од брза помош е констатирана смрт.  По наредба на јавен обвинител, во текот на денешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола, информираат од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top