За да останат и понатаму на турнирот, „кариоките” чекаат победа на Аргентина против Шпанија. Хрватска сигурна како четвртфиналист пред дуелот со Литванија.
Бразил, очекувано, беше подобар во дуелот со Нигарија. Славеа домаќините со убедливи (86:69). Но овој втор триумф за нив не е ама баш никаква гаранција дека ќе го продолжат својот престој во „Кариока Арената”.
Пред се затоа што со скорот од две победи и три порази само „хипотетички” се искачија на третото место во групата „Б”.
Најмногу поради тоа што зад нив се оние два главни натпревари, кои се играа доцна синоќа во кои Бразилците ја бараа својата теорија за спас.
А спасот за нив беше никој друг туку селекцијата на Аргентина. Онаа истата која пред некоја вечер ги победи во спектаклот кој траеше дури 50. минути.
Простата пресметка за селекцијата-домаќин кажува дека по овој резултат „надвор од игра” оди селекцијата на Шпанија. Секако под услов да биде поразена во дуелот со Аргентина.
Она што е исто така важно е дека со овој триумф на Бразил, Хрватска останува „внатре”, во онаа „четворка” која оди понатаму од оваа конкуренција.
Во „храмот на кошарката” во Рио, неизвесно беше се до некои нецели пет минути пред крајот кога Бразил ја направи победничката серија од (14-2), и ги симна оние крајни дилеми околу победникот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пирати нападнаа товарен брод во близина на Нигерија
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Претседателски кандидат во Бразил избоден со нож (видео)
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик