| четврток, 6 декември 2018 |

Со масакр до светски рекрд: Ван Никерк го собори Мајкл Џонсон со советот од баба (видео)

Јужноафриканскиот спринтер Вејд Ван Никерк го вџаши олимпискиот стадион соборувајќи го светскиот рекорд на 400 метри. 24-годишниот тркач од Кејптаун со неверојатно време од 43.03 го симна од тронот Мајкл Џонсон, Американецот кој беше непобедлив цели 19 години.

Четирикратниот носител на олимпискиот златен медал беше еден од првите кои му честитаа на новиот шампион: „О, Боже мој! Од осмата патека, до светски рекорд. Тој ја совлада толку брзо. Никогаш не сум видел такво нешто од 200 до 400 метри. Дури можеби трчаше и побрзо во вторите 200 метри. Браво, младичу! Светски рекорд. Вејд ван Никерк направи масакр.
3739F78900000578-3740238-image-a-1_1471195255937
Но, додека толпата насобрана во стадионот го извикуваше името на новиот херој, негов најголем навивач беше неговата 74-годишна прабаба, која исто така била и негов тренер. Анс Бота, од него постара точно педесет години, е таа која го водеше до неговата олимписка слава.

3739F7BE00000578-3740238-image-m-12_1471195634730

„Тие се исклучително блиски, многу поврзани и со голема доверба и почит еден кон друг“, обаснува ДБ Принслу, кој 25 години ѝ бил колега со госпоѓата Бота.

3739F7DB00000578-3740238-image-m-14_1471195684633

„Но, таа не трпи глупости. Има свои правила, свои стандарди и многу држи до дисциплината во тренирањето и натпреварувањето. Тани Анс има строг режим и секој го почитува тоа. Вејд знае на што стои со неа, го почитува нејзиното искуство и вештини и ја користи сета мудрост која таа може да му ја понуди“, додава тој.

3739F76F00000578-3740238-image-a-2_1471195313682

Позитивното влијание на Бота врз перформансот на Ван Никерк од кога започнале да работат заедно пред три години е драматично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top