Чарли Карел (22) во 2015 година заработи речиси милиони фунти играјќи покер, а тоа му го претвори животот во пекол.
Во големото финале на европската турнеја на Ѕвездите на покерот во Монте Карло победил 215 играчи на турнирот за избрани, на кој влез во игра чини 25.500 евра. По победата целиот свет зборуваше за него.
-Ми беше чудно, насекаде си го гледав лицето, изјави неодамна Чарли, присетувајќи се на текстовите во медиумите. Она што му пречи е што неговиот успех го опишуваа како добивка на лотарија, занемарувајќи дека му биле потребни години и години вежбање и проучување за да го постигне тоа штог о постигнал.
-Мислам дека не ја прикажаа добро мојата приказна, вели тој.
Љубителите на покерот го знаат Чарлу ште од пред Монте Карло. Два месеци претходно го освои петтиот турнир, на кој заработи 183.000 евра. Една година претходно, пак, го изсвои турнирот во Лондон и дома однесе речиси 109.000 фунти.
Роден е во 1993 г. во Џерси и таму живеел до седмата година, кога неговото семејство се преселило во Лондон. Бил паметно момче, па го трпел она што повеќето паметни момчиња треба да го преѓивеат на училиште – малтретирање.
-Интелигенцијата и неможноста да се сокриеш не се добра комбинација. Поголемиот дел од детството многу ме малтретираа, но денес имам одбранбен механизам, можам да направам оклоп околу своите емоции, Поради тоа никогаш не сум под стрес кофа седам на масата за покер во финалето на партија покер. Можам да се исклучам. Благодарен сум им за тоа, вели шампионот.
Quotista di Charlie Carrel chiede il risarcimento del 10% acquistato nel $21k High Roller Scoop-24-h #AllaFrutta pic.twitter.com/jHe1GMhH8V
— PaganoEvents (@PaganoEvents) June 2, 2016
-Покерот ми го уништи приватниот живот. Изгубив контакт со повеќе од 90 проценти од пријателите, зашто знаев дека покерот ќе ми биде една од најважните задачи во животот, признава.
Кога имал 19 години и постигнал значајни резултати во покерот, одлучил да се врати во Џерси о да живее со баба си се додека не се збогати.
-Имав буџет од околу 2.500 долари и цел да не го напуштам Џерси додека не соберам 100.000. Така, се социјализирав исклучиво преку групи на Скајп, на кои одев за да научам повеќе за играта и развивав свој пристап. Може да се рече дека моите социјални вештини пропаѓаа заедно со мојот социјален живот. Но, учењето се исплатеше.
Кариерата на покерашот се вреднува по тоа колку турнири освоил на Светскиот куп, па одлуката да не настапи во Лас Вегас предизвика неверување кај многумина.
-Иако многу тешка, тоа беше многу исправна одлука. Времето му го псоветив на семејството.
-Не знам што ме чека во иднината. Имам многу планови што е невозможно да најдам време за сите. Она што најмногу ме возбудува е што иднината нуди бесконечни моѓности, заклучува момечето кое на 22 години има повеќе пари на сметката отколку што ние ќе успееме да заработиме за целиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.