| четврток, 6 декември 2018 |

На Алегри му пукна филмот, нареди посебни мерки за Игуаин

iguain

Италијанскиот првак Јувентус направи спектакуларен трансфер ова лето доведувајќи го Аргентинецот Гонзало Игуаин од Наполи за сума од 94 милиони евра. Но, тој на првата прозивка по летниот одмор дојде значително здебелен, со неколку килограми вишок во однос на минатата сезона. Фановите веднаш реагираа откако увидоа дека дресот му е тесен, а сега конкретни мерки презеде и тренерот Масимилијано Алегри.

„Старата дама“ го задолжи нутриционистот и кондициски тренер, Пенцеле Мате, да спроведе посебна диета и строг режим на работа за Гонзало Игуаин со цел да го доведе во потребна форма во пресрет на почетокот на новата сезона. Алегри истакна дека Игуаин нема да биде дел од тимот на Јувентус во првото коло од Серија А против Фиорентина доколку не ги намали килограмите на потребното ниво и не биде стопроцентно подготвен за настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top