Над 20.000 лица се спасени од поплавите во јужниот регион на Луизијана, а над 10.000 се сместени во привремени центри низ државата, соопшти гувернерот Џон Едвардс. Федералната Влада прогласи вонредна состојба во неколку региони на државата и вети помош за надминување на штетите. Американскиот претседател Барак Обама изразил загриженост за луѓето во јужна Луизијана по поплавите. До поплавените региони со хеликоптер се пренесуваат и храна и вода, како и се користат за спасување на хронично болните.
WAFB 9 News Baton Rouge, Louisiana News, Weather, Sports
Засега се известува за најмалку пет лица кои ги загубиле животите во поплавата. Извештаите оттаму велат дека државата се соочува со најлошата поплава во нејзината историја. Додека Луизијана стравува од нови дождови во следните денови, метеоролозите посочуваат од опасност во соседниот Тексас, каде што нискиот воздушен притисок ги повлекува облаците на таа држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)