Најавена е помош од 10 држави, а од четири е веќе пристигната и е внесена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Опремата се дистрибуира на терен.
Ова денеска го истакна директорот на ДЗС Шабан Салиу, на примопредавањето на помошта од Република Унгарија.
– Унгарија денеска донираше материјално технички средства, вреќи за спиење, кревети, лопати, хигиенски влошки, маски… Ова претставува еден дел од опремата што ќе биде донирана. Од амбасадата најавуваат дека вториот контигент од околу четири камиони треба да пристигне наскоро, информира Салиу.
Директорот Салиу се заблагодари на сите држави кои помогнаа досега.
Заменик амбасадорот на Унгарија во Македонија Ѓула Шомоѓи појасни дека ова е првата пратка која доаѓа од Националниот Директорат за управување со кризи на Унгарија и содржи повеќе практични и технички средства за ДЗС и за жртвите.
– Вечер ќе пристигне уште една донација, од Министерството за надворешни работи и од локалните власти на Будимпешта, и таа ќе биде упатена директно во општината Гази Баба, со која имаме специјална соработка. Таа пратка се состои од конзервирана храна, средства за дезинфекција и храна за бебиња – кои се многу потребни во подрачјата погодени од поплавата, истакна Шомоѓи.
На новинарско прашање за повлекување на помошта од Србија директорот на ДЗС Шабан Салиу рече дека е точно оти пред два дена си заминале ангажираните од Србија, но поради тоа што тие си ја завршиле својата работа за што биле пратени односно за исцрпување на водата која веќе е завршена.
Салиу повтори дека во поплавите настрадаа 22 лица и дека се уште има едно исчезнато лице, а тоа е дете на 16-месечна возраст и дека се трага по него
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија
-
Нов инцидент со новинарката која шутираше мигранти: Добила забрана за пристап во Парламентот