На диета сте, ригорозно се држите на исхраната, вежбате, а стомакот не само што не се намалува туку и натаму расте. Секогаш е најтешко стомакот да го вратите на саканата димензија. Но, доколку сте упорни во диетата и вежбањето без видливи резултати, веројатно проблемот лежи во некоја од другите причини.
Генетиката – Тоа може да е сериозен проблем бидејќи вашите гени го управуваат целиот процес на дебелеење. Во некои организми едноставно маснотиите се собираат во стомакот заради градбата на телото и навистина е потребно да се намачите за да го симнете.
Лекови – Некои лекови имаат такво влијание. Најчесто станува збор за лекови за болести како дијабетес, мигрена, висок крвен притисок или депресија. Ист ефект имаат и стероиди и хормонални апчиња за контрацепција.
Недостаток на сон – Сонот е клучен момент за нормална работа на организмот. Ако спиете премалку, се намалува лептинот, хормонот за ситост, а се зголемува грелинот, хормонот што стимулира глад. Ги гледате и самите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.