| четврток, 6 декември 2018 |

Учесниците на Школата за млади лидери порачаа: Да се помогне во поплавените подрачја

lideri

Учесниците на седмата по ред Школа за млади лидери во Охрид, што се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на првиот ден од Школата повикаа на хуманост и донираа средства за настраданите во неодамнешните поплави во Република Македонија.

Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, младите лидери пред свечено отворање на Школата, самоиницијативно се организирале и донирале средства на телефонскиот број 143-400, што е отворен за таа намена.

Тие, исто така, ги повикале сите млади луѓе активно да се вклучат, и во рамки на своите можности да им помогнат на сите оние од настраданите подрачја кои имаат потреба од некаква помош, а со тоа да ги покажат на деломладинскиот активизам и ентузијазам и да бидат пример за хуманост и волонтерство, што е најпотребнo во вакви тешки моменти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top