| четврток, 6 декември 2018 |

Едни Мареј ја запре серијата на Дел Потро и го одбрани златото од Лондон

Британецот Енди Мареј е првиот тенисер во историјата што го одбранил олимпиското злато во тенис во машка коннкруенција. Шкотот во историското финале против Хуан Мартин дел Потро славеше со 3-1 во сетови (7-5,4-6, 6-3 7-5) по повеќе од четири часа борба.

Финалето почна во голем стил и немаше брејк до 12. последен гем од првиот сет, кој заврши со одземање на сервисот и водство за Мареј. Сепак, на почетокот од вториот сет, Делпо направи брејк, кој му беше доволен за да го освои сетот. Енергијата му изостана во третиот сет, во кој Мареј беше многу поразмрдан и го доби сетот. Со серија на брејкови почна четвртиот сет, за во 12. гем Британецот да ја искористи втората меч-топка и да ги добие мечот и златниот медал.

Бронзениот медал му припадна на Кеи Нишикори од Јапонија, кој го совлада Рафаел Надал со Шпанија со 2-1 во сетови (6-2, 5-7, 6-3).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top