| четврток, 6 декември 2018 |

Прв Пивофест во Северна Кореја (видео)

Светските агенции пренесуваат за првот фестивал на пивото што се одржува во Пјонгјанг. Тој привлекол голем број туристи и гости од странство. Објавени се и видеа во кои се гледа како жителите на градот уживаат во првиот ваков настан одржан во Северна Кореја.


Германскиот турист Макс Болер вели дека пивото Таедонгганг е „фантастично“, пренесува британскиот „Метро“. При отворањето на настанот биле поканети 500 гости кои пиеле бесплатно во првите два часа, пред да им се придружи и јавноста.
Инаку, пивото се прави со опрема донесена од Англија во 2000 година. Фестивалот ќе трае 20 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top