| четврток, 6 декември 2018 |

Десет работи кои ги научив откако станав татко

Father and son outdoors

Често слушаме дека да се биде родител е навистина тешко. Сепак, децата ги учат луѓето на многу различни нешта. Овие 10 работи ги издвоиле татковците како нешта кои сакале или не, ги научиле откако станале родители.

– Стануваш посвесен за значењето на родителите во твојот живот, како и тоа дека можеби тие не се совршени, но го прават најдоброто за тебе

– Го чувствуваш срамот на другите родители кога нивните деца врескаат во трговскиот центар или на улица.

– Ако децата ти ја подадат својата играчка очекувајќи дека ќе се јавиш на телефонот кој ѕвони, подобро да го направиш тоа и да одглумиш добро

– Најдоброто нешто што можеш да го направиш за нив е да им покажеш како да бидат добри луѓе

– Со својата сопруга ќе зборувате на детски јазик и тогаш кога тие се заспани. Подгответе се за тоа

– Секогаш со себе имај дополнителни алишта или влажни марамици кога излегуваш со децата. Секогаш

– Ако мислиш дека жените се тие што плачат без причина, добредојде во светот на децата

– Децата нè учат како повторно да ја употребиме својата имагинација

– Не се доближувајте премногу блиску до нив кога ждригаат или се обидуваат да кивнат

– Можеби често ќе бидеш  валкан, ненаспан и ќе изгледаш како зомби, но ќе уживаш во секоја секунда од тоа да бидеш родител

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top