Дербито на стартот на новата сезона во Премиер лигата се одигра во Лондон каде се сретнаа аспирантите за титулата, Арсенал и Ливерпул.
Оваа сезона се чини ќе биде големо надмудрување на тренерските великани бидејќи, најдобрите стратези во светот годинава водат екипи во Англија. Покрај Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола, Антонио Конте, Клаудио Раниери, тука се стариот лисец Арсен Венгер и Јирген Клоп.
Токму првиот меч донесе огромно надмудрување меѓу Венгер и Клоп на мечот славеа избраниците на Германецот. Ливерпул во атомски фудбал го совлада Арсенал со 4-3.
Дуелот почна одлично за Арсенал, кој ја имаше првата идеална шанса. Волкот не реализираше пенал, но истиот фудбалер сепак го постигна водечкиот гол за „топчиите“ во 31. минута. Клучен момент на средбата беше финишот од полувремето, кога Кутињо со еврогол од слободен удар го израмни резултатот.
Тој погодок им даде крилја на избраниците на Јирген Клоп, кои одиграа одлично на стартот од вториот дел, па набрзина дадоа три гола и поведоа со 1-4 преку Лалана, Кутињо и Мане. Окслејд Чембрлен по прекрасниот соло продор намали на 2-4, пред Чемберс со глава да бие за 3-4, но Арсенал немаше сили да постигне и четврти погодок, по што Ливерпул сосема заслужено стигна до цел плен на ова тешко гостување.
Проблем за Јирген Клоп сигурно ќе претставува повредата на Кутињо во второто полувреме, поради која Бразилецот сега ќе мора да мине извесно време надвор од теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.