| четврток, 6 декември 2018 |

Администрацијата на град Скопје на терен: Повеќе од 100 вработени помагаа во погодените подрачја

Gradskata administracija na teren (3)

Повеќе од 100 вработени во администрацијата на Град Скопје, јавното претпријатија „Градски Паркинг“ и ЈСП-Скопје, денеска беа на терен и помагаа во поголем број на населени места погодени од невремето минатата сабота.

Вработените беа поделени во поголем број на тимови и работеа согласно потребите на терен, каде одредени тимови работеа на расчистување на домовите и дворовите од уништена покуќнина и градежен материјал (шут), други работеа на расчистување на улиците, трети на товањето на истото во камионите кои го изнесуваа.

На екипите на терен кои работеа во населеното место Ченто им се приклучи и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кои се вклучи во акцијата за чистење на улиците во ова населено место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top