| четврток, 6 декември 2018 |

Го фрлија од врв на зграда затоа што бил хомосексуалец (Вознемирувачко видео)

dzihadi-71224

Исламските радикали објавија застрашувачко видео од последните секунди на животот на едно лице, кое веднаш после судењето беше сурово фрлено од врв на зграда, само поради тоа што се изјаснил дека е хомосексуалец. Според нивниот “обичај”, казната за хомосексуалците е тие да скокнат од највисоката зграда во градот.

Откако бил прогласен за виновен поради „перверзните мисли и хомосексуалните акти“, човекот бил осуден на смрт поради кршење на шеријатскиот закон во северниот дел на Ирак, во близина на Мосул, каде што се наоѓа едно од главните упоришта на џихадистите.

Локалното население се собрало да ја види реализацијата на смртната казна. Меѓу присутните имало деца, но не и жени. Во продолжение вознемирувачкото видео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top