Со импресивни серии во кои противниците постигнаа мал број поени, Њујорк и Мемфис ги победија противниците во плејофот, Индијана и Оклахоима и израмнија на 1-1.
Њујорк одигра во препознатлив стил, Кармело Ентони беше лидер, а Индијана е поразена убедливо со 105-79. Домаќините имаа низа од 18-0 на почетокот на последниот период, што им донесе уверлива предност од 20 поени. Кошаркарите на Индијана, од финишот на третиот период, постеа и не постигнаа поени од поле цели 12 минути, што беше клучно за првиот пораз, во полуфиналето на источната конференција. Ентони даде 32 поени, а забележа и 9 скока. Кај Индијана Пол Џорџ беше најефикасен со 20 поени.
Слично сценарио имаше и во Оклахома, каде Мемфис направи серија од 30-10 и негативата од 5 поени пред стартот на последниот квартал, ја преточи во победа од 99-93. И таму серијата е израмнета на 1-1. Мајк Конли беше најзабележителен кај победничкиот тим со 26 поени, 11 скока и 9 асистенции, а одлично одигра и Марк Гасол со 24 поени и по 5 скока и асистенции. Мемфис во самиот финиш нанижа 10 поени, без примен кош и сега има предност, бидејќи со победи на домашен терен ќе ја елиминира Оклахома. Кај домаќините Кевин Дурент беше блиску до трипл-дабл со 26 поени, 11 скока и 9 асистенции. Фишер постигна 19 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)