Најмалку 10 луѓе се повредени во големиот пожар кој избил во камп за бегалци во близина на германскиот град Касел. Како што пишуваат медиумите, таму престојуваат најмалку 800 мигратни, а во објектите каде избил пожарот, сместени биле околу 120.
Екипи на итната помош и на полицијата се на местотo на несреќата. За сега не е познато како избил пожарот, но постојат сомневања дека е подметнат, со оглед на тоа дека се поголем број радикални групи во Германија јавно го изразуваат својот револт и се против доселување на мигранти во земјата.
Фотографии од пожарот брзо почнале да се шират на социјалните мрежи, а луѓе кои живеат во близина на кампот, опишале дека “густиот чад веднаш го прекрил целото небо и дека надвор едвај се диши”. Тие додале дека без никаква заштита до кампот не може никој да се приближи затоа што “штипе на очи”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)