| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е педофилот кој мамеше дечиња – погледнете какви пораки им праќал

pedofil

Во несекојдневна акција на белградската полицијата уапсен е педофилот Драган Ж. (66) кој преку Фејсбук закажал средба со 11-годишно девојче, не знаејќи дека е измамен и дека цело време се допишувал со нејзината мајка. Всушност благодарение на храбрата мајка, која седум дена се допишувала со манијакот, педофилот е измамен и уапсен. Инаку, една од првите пораки кои ги испратил е со вознемирувачка содржина:  Убав поздрав до тебе…Многу си убава и посебна. Би сакал подобро да се запознаеме, ако си радознала, имам некои многу добри приказни за тебе…Интригантни… Посебни, напишал монструмот во првата порака преку Фејсбук, не знаејќи дека се допишува со мајката на девојчето.

Многу си љубопитна за твоите години. И навистина изгледаш екстра. Веројатно уште не си почувствувал машка рака на себе, напишал педофилот.

Тој продолжил да испраќа пораки, пишувајќи за сексуалните фантазии, а и предлагал и средба ветувајќи незаборавни мигови.

Драган Ж. се претставил дека е 11 години помлад, говорејќи дека е разведен и дека има две постари ќерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top