| четврток, 6 декември 2018 |

Волонтерите до загрозените жители на Стајковци: Кој има потреба, ќе го примиме во нашите домови (Видео)

По страшното невреме кое го зафати Скопје минатата сабота, едно од најпогодените места, скопското село Стајковци, се соочуваа со штетите што ги оставија  поплавите зад себе.

Во текот на неделава, екипа на “Република” неколку пати го посети селото каде волонтери од цела Македонија, рамо до рамо со оштетените мештани и со припадниците на Армијата, помагаа во расчистувањето на штетите. Тие, кои секој ден се на теренот и се во постојан контакт со мештаните, а за апелот на надлежните да се евакуираат децата и повозрасните жители на селото додека трае мерката за дезинфекција на нивните домови, коментираа дека е правилна одлука, затоа што веќе почнува во целото село да се чувствува непријатна реа. Дел од нив дури беа отворени и да примат жители на Стајковци во своите домови се додека не се дезинфицира селото.

За потсетување, инситуциите порачаа жителите на Стајковци да се сместат во домови на свои роднини и пријатели, а доколку немаат каде, да се обратат кај службениците од Министерството за труд и социјална политика кои се наоѓаат на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top