Спринтерката од Јамајка, Илиен Томпсон, победи во трката на 100 метри на ОИ во Рио и ја симна од тронот својата сонародничка Шели-Ен Фрејзер Прајс. Двојната олимписка шампионка од Пекинг и од Лондон беше во центарот на вниманието и очекувањата беа дека Фрејзер Прајс ќе се искачи на победничкиот подиум како прва атлетичарка што освоила три олимписки медали во серија во оваа дисциплина. Сепак, на патеката се случи некое друго сценарио.
Освојувачката на сребрен медал од СП Пекинг минатата година, Илиен Томпсон, истрча извонредна трка и заслужено стигна до олимпиското злато со време од 10,71 секунди.
Второто место во Рио и припадна на Американката Тори Бови со време од 10,83, а Фрејзер Прајс овој пат мораше да се задоволи само со бронзениот медал, завршувајќи на третото емсто со време од 10,86 секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.