Романците од 1 август ќе останат без најпопуларното национално јадење во брза храна поради тоа што ЕУ воведува забрана за користење на одредени адитиви во храната кои се користат за правење на популарните ќебапи.
Новите правила на Европската унија и наложуваат на Романија да престане со масовно производство на романскиот ќебап познат под името „мич“ кој годишно носи приходи од 10 милиони евра. Романските ќебапи освен месо содржат и натриев карбонат и уште некои антиоксиданси и конзерванси кои од 1 август ќе бидат забранети за користење во храната во ЕУ. Како Романците ќе се навикнат на ќебапи без тие додадоци кои даваат посебен вкус останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.