| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка несреќа во Џенова: Брод се заби во контролна кула

Најмалку тројца загинаа, шест се повредени, а десетина се водат како исчезнати откако брод се заби во контролна кула на пристаништето во италијанскиот град Џенова.

Шефот на капетанијата изјавил дека досега нема објаснување за причините за несреќата.

brod genova

Според него, бродот, кој превезувал контејнери, бил во сопственост на локален оператор, работел во мирни услови и немало никакви надворешни причини за несреќата.

Двајца од загинатите се службеници во пристаништето, а третиот бил од екипажот на бродот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top