Сириските демократски сили по американските воздушни напади го преземаа градот Манбиџ кај турската граница од каде се повлечени сите борци на ИСИС
Ослободени се 2.000 цивили, кои беа дрени како заложници при повлекувањето на џихадистите.
Градот беше во раце на ИСИС од 2014 година.
Тука била стационирана верската полиција, а сега се најдени метални шипки и ланци со кои биле мачени жените ако биле фатени без покриено лице.
Објавено е и видео со стравичните направи за мачење.
Верската полиција ги надгледувала граѓаните, како се облекувале и како се однесувале, па доколку биле прекршени шеријатските закони, биле носени во центарот на мачење. Дел од нив биле апсени заради пушење цигари, некои не биле облечени законски, некои слушале забранета музика.
Во мачилиштето минувале просечно два дена, а потоа биле префрлани на друга локација, освен ако имале доволно пари да бидат пуштени порано.
Во една од просториите имало и телевизор каде на затворениците им биле пуштани пропагандни филмови за ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)