По одличната прва трка пред неколку часа, македонскиот рекордер на 100 метри Ристе Пандев трчаше во втората од осумте квалификациони групи на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро. Тој се најде во втората група и трчаше во четвртата патека рамо до рамо со Џастин Гетлин, веднаш по Болт најголемиот фаворит за златниот медал.
Пандев во второто излегување на Олимпискиот стадион „Жоао Авеланж“ во Рио Де Жанеиро истрча 10.71 што е нов негов најдобар резултат оваа сезона и резултат за една стотинка подобар од првата трка. Струмичанецот е на 10 секунди најдобриот резултат на стотка во нашата земја. Пандев беше последен во квалификационата група, а Џастин Гетлин со рутинско трчање беше победник со време 10.01 секунди.
Во претквалификациите од 14.30 часот Пандев трчаше 10.72 што беше доволно за првото место во таа група, но послабо од неговото најдобро постигнување. Последниот македонски олимоиец Дрита Исљами ќе се појави на олимписките борилишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)