Со натпреварот Хал – Лестер започна новото издание на Премиер лигата. Шампионот денеска на гостувањето кај повратникот во елитата се „лизна“ и заслужено беше поразен.
„Тигрите“ од Хал успеаја со блескава игра да слават со 2-1 со головите на Диоманде и Снодграс. Единствениот гол за Лестер беше дело на Марез од пенал.
Ако Лестер бара виновник за својот пораз тоа сигурно е ланскиот најдобар стрелец Џејми Варди, кој промаши неколку одлични шанси во првото полувреме, при резултат 0-0. Казната стигна во самиот финиш од полувремето, кога Абел Хернандез со „ножички“ го совлада Шмајхел за водство на домаќините од 1-0. Лестер израмни на 1-1 на самиот почеток од второто полувреме со пеналот на Марез, а победничкиот погодок за Хал беше дело на Снодграс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)