| четврток, 6 декември 2018 |

Крстот во Аеродром ќе свети со штедливи лед-диоди

Општина Аеродром планира да го смени осветлувањето на крстот во општината со штедливи лед -диоди.

„Во врска со реакциите кои се појавија во медиумите, Општина Аеродром ја известува јавноста дека всушност станува збор за проект со кој е планирано да се смени осветлувањето на крстот во Општина Аеродром со лед-диоди, кои се штедливи, со цел да се намалат повеќекратно трошоците за електрична енергија“, се вели во денешното соопштение од Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top