Францускиот олимпиец Теди Ринер се закити со ново олимписко злато во џудо, откако во финалето во Рио го совлада Јапонецот Харасава и го одбрани трофејот освоен пред четири години во Лондон. За доминацијата на Ринер најдобро говори фактот дека Французинот се наоѓа во фантастична серија од 111 победи по ред, откако последниот пораз го претрпе на СП во Токио во 2010 година.
– Да се одбрани олимписко злато во џудо е голем успех, затоа сум бескрајно горд. Секој турнир е посебна приказна, а јас секогаш сакам да бидам најдобар – изјави Ринер, кој е висок 2.04 метри, а тежок 140 килограми.
За популарноста на Теди Ринер во својата држава најдобро говори фактот дека тој беше избран за знаменосец на Свеченото отворање на ОИ во Рио де Жанеиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.