| четврток, 6 декември 2018 |

Педијатри, дерматолози, општи лекари по дежурство волонтират меѓу жителите од поплавените подрачја

Педијатри, дерматолози, општи лекари волонтираат во загрозените подрачја зафатени со поплавите.

После дежурство не одат дома туку меѓу жителите на кои во моментот најмногу им треба здравствена помош објави „Здравство24“.

Завчера еден тим од лекари волонтери ги прегледуваа децата кои се жалеле на стомачни но и инфекции на кожата.

На терен пак, во организација на детската амбасада Меѓаши (исто како и вчера) има тим на дерматолози кои на сите жители кои имаат некакви осипи или пак плускавци по раце и нозе им даваа соодветен медицински третман и совет.

Од страна на невладината ХЕРА, во Стајковци имаше специјалист дерматолог – Лилјана Атанасовска, која е во пензија, но денеска волонтираше и најпрофесионално им одговараше на повиците на сите граѓани кои се пожалија на некаков здравствен проблем. Вчера како волонтери беа и др. Мими Кимовска Христов од Клиниката за детски болести и др. Ѓорѓи Паскалов кој е од примарната здравствена заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top