Промената на времето ги разболе децата. За време на продолжениот празничен викенд дежурните лекари на Детска клиника само во ноќните часови прегледувале и по 70-тина деца. Речиси сите имале растечен нос, покачена температура и кашлале.
-Честотата, особено на горно респираторните патишта и температурните промени кај децата се почувствуваа и кај тие кои доаѓаа и побараа помош на клиниката. Бидејќи температурата може да биде обична настинка, но некогаш некое дете може подолго време да носи некој инфект и да дојде до посериозна инфекција и не смеете да го занемарите – изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.
Дел од децата имале и овчи сипаници, а родителите мислеле дека се работи за настинка бидејќи оспипот уште не бил излезен.
– Појавувањето на знаците за овчите сипаници некогаш се неспецифични што може да изманипулира секоја друга симптоматологија и често пати да збуни се додека не излезе осипот – додаде д-р Софијанова.
Доктор Софијанова смета дека најавеното ново заладување ќе ја намали епидемијата на овчи сипаници, која последниот месец зема се поголем замав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Детска клиника доби апарат што ќе го олесни дишењето кај предвреме родените бебиња
-
Програм вреден 925.000 денари украден од детска клиника
-
Апелацискиот суд ја потврди пресудата за љубовникот од Петровец
-
Педијатри, дерматолози, општи лекари по дежурство волонтират меѓу жителите од поплавените подрачја