Лидерот на огранокот на екстремистичката група Исламска држава во Авганистан и Пакистан, Хафез Саид Хан е убиен во американски воздушен напад, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.
Авганистанскиот амбасадор во Пакистан вчера, исто така, потврди дека Хан, заедно со своите команданти и војници, биле убиени од американско беспилотно летало во авганистанската област Кот, во провинцијата Нангархар.
Портпарол на воената коалиција, која е предводена од САД во Кабул, не можел да ги потврди извештаите, но истакнал дека се спроведува истрага. Смртта на Хафез Саид Хан е тежок удар за џихадистичката група, која се обидува засекогаш да се „закотви“ во Пакистан и Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.