Григор Димитров конечно го презентираше раскошниот талент што го најави уште како јуниор и со прекрасна игра го елиминира најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во второто коло од Мастерс турнирот во Мадрид. Со победа од 7-6,6-7, 6-3 буграскиот претставник го мина второто коло, а патем направи и мини-сензација. Ѓоковиќ се пожали на повреда на скочниот зглоб при негатива од еден сет и 2-4 во гемови, но стисна заби и се врати во ритам. Србинот израмни на 1-1 во сетови, со триумф во тај-брејкот, но попушти во завршницата и мораше да се прости од престижниот турнир. Мадрид е еден од најсилните и најинтересните тениски турнири на планетата, а претставува и еден вид на подготовка за настапот на вториот гранслем во сезоната, Ролан Гарос.
За разлика од Ѓоковиќ, останатите фаворити победија, а за одбележување е победничкото враќање на актуелниот шампион Роже Федерер. Швајцарецот го надигра Радек Степанек со 2-0, во првиот меч по пауза од два месеци. Тој и Рафаел Надал сега се главни аспиранти за вредниот трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.