| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеа авионска несреќа, па доби на лото – ова е најсреќниот човек на светот

sreken
Индиецот Мохамед Башир Абдул Кадар веројатно е најсреќниот човек на светот во моментов.

Овој Индиец беше меѓу патниците на авионот на „Емирати“ кој на 3 август удри на пистата на аеродромот во Дубаи и експлодираше. Абдул Кадар, за среќа, успеал на време да го напушти авионот пред да се случи експлозијата.
Само шест дена подоцна, 62-годишниот Индиец веќе ја заборави авионската несреќа, со оглед на тоа што на лотарија ја освои главната награда во износ од еден милион долари.

Абдул Кадар работел во Дубаи од 1979 година како продавач на автомобили, а добитното ливче го купил токму на аеродромот пред да замине на годишен одмор. Откако ја добил главната награда и станал милионер, Абдул Кадар изјавил:

– Работам во Дубаи веќе 37 години и отсекогаш сум чувствувал дека ова е мој град и моја земја. Инаку, живеам едноставен живот, а сега дефинитивно е време за заминување во пензија. Чувствувам дека Господ ми подарил втор живот откако го преживеав падот на авионот, а потоа Господ ме благослови со овие пари со кои ќе можам да направам многу добри работи – изјавил 62-годишниот Индиец.

Тој сега и дефинитивно ќе замине во пензија, а со освоените еден милион долари планира да им помогне на сиромашните во неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top