Психолозите и социолозите велат дека постојат три причини за сигурна пропаст на лото милионерите.
Многи луѓе не умеат да располагат со пари, многумина “полудуваат” од богатство и оние кои им се
“преку глава” и роднини и пријатели, покажува британско истражување.
Добитниците воглавно банкротираат, се замеруваат со семејството, додека некои завршуваат во затвор.
– Кога наеднаш во рацете ќе имате десетина илајада или милиони евра, автоматски ви се појавува
огромна желба да надоместете за се што сте сонувале. Многумина од добитниците немаат како на прав
начин да ги вложат парите. Воглавно се трошат на луксуз, патување, забави, кола, куќа и станови и
милионите ги снемува за миг- вели психотерапевтот Зоран Миливојевиќ.
Само 30 отсто од добитниците паметно располагаат со добивката и земаат советници кои им прават
распоред на парите.
– Во добивките на игрите на среќа најголем проблем е што добитниците за тие пари не се препотиле и
немаат чуство дека треба “паметно” да се троши. Кога имаат илијадници евра почнуваат да губат
критериум и се препуштаат на пороци. Многумина станале алкохоличари, наркомани, мажите неретко
останале без семејсто бидејќи љубовниците им се “лепат” за нивните пари – вели психологот Александра
Јанковиќ.
Професор од Економскиот факултет Љ Савиќ советува лото добитниците парите да ги стават на штедна
книшка или претворат во злато, дел да инвестираат а дел да остават за тековни потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.