| четврток, 6 декември 2018 |

Две дербија на стартот на новата НБА-сезона, шампионот против Њујорк, Кари против Паркер

lebron i karmelo

На официјалниот сајт на НБА-лигата денеска беше објавен распоредот на натпреварите во најсилната лига во светот за сезоната 2016/17 година.

Првиот дел од регуларниот тек на сезоната почнува на 25 октомври кога актуелниот шампион Кливленд Кавалирс предводени од Леброн Џејмс ќе се сретнат со „новиот“ Њујорк на Кармело Ентони и Дерик Роуз. Истиот ден се игра уште еден голем натпревар во кој Голден стејт ќе се сретне со Сан Антонио кој првпат по 20 години ќе настапи без Тим Данкан. За првиот дел е закажан уште еден натпревар во кој Јута Џез гостува во Портланд.

Интересно ќе биде и на католичкиот Божиќ каде на предновогодишната забава ќе се сретнат Кливленд и вицешампионот Голден стејт, тимот на Чикаго гостува кај Сан Антонио, додека во Лос Анџелес градко дерби ќе одиграат Лејкерс и Клиперс.

Регуларниот дел од сезоната завршува на 12 април, додека разигрувањето почнува три дена подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top