Прометот во индустријата во првите шест месеци од годинава во однос на тој период лани бележи раст 9,9 отсто. Раст е забележан во јуни годинава во однос на јуни лани од 3,2 проценти и во однос на мај годинава 0,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2016 во однос на јуни 2015 година бележи опаѓање од 8,7 отсто, а индексот на прометот остварен на странските пазари има пораст од 6,9 отсто. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е на исто ниво, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај капитални производи за 21,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 11,5 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.