Откако светските медиуми известија дека позелен водата во олимпискиот базен каде што се одржуваат скокови во вода во Рио де Женеиро каде што се во тек Летните олимписки игри (ЛОИ), сега е иста ситуацијата и со базенот каде што се одржуваат натпреварите во ватерполо.
На организаторот во Рио им недостасува хемикалија за чистење на базените, потврди Светската пливачка федрација (ФИНА).
– ФИНА може да потврди дека причината за необичната боја на водата е поради недостаток на хемикалии со кои водата се одржува. Водата е тестирана и ПХ-вредноста е надвор од пропишаните рамки, но не е опасна по здравјето и безбедноста на спортистите – соопшти ФИНА.
– Се појави болка после натпреварот, а веројатно ќе ни солзат и очите во следните неколку часа, но не е многу страшно. Не беше многу лошо додека бевме во вода, но сега почнува да пече – изјави центарот на ватерполо репрезентацијата на Австралија Ричи Кембел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.